Зекири е кандидатот на СДСМ за претседател?

од desk2
143 прегледи

Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири е кандидатот на власта за претседател. Така барем пишуваат албанските медиуми, патем кои се познати по лажните вести особено кога станува збор за албанската политичка сцена. Зекири беше новинар пред да стане партиски член.

Тој во март ќе наполни 40 години со што го исполнува законскиот минимум.Сепак оваа информација е повеќе забавна отколку реална.
СДСМ и ДУИ сакаат конзензуален кандидат. Досега се спомнуваше името на професорот Денко Малески, иако е малку веројатно дека ќе биде тој кандидат.

Од СДСМ засега најблиску до партиската кандидатура се Оливер Спасовски и Радмила Шеќеринска а е е исклучено консензуалниот кандодат да биде Никола Димитров.