Во продажба леб „Лепа Брена“

од desk2
1,5K прегледи

 

Популарната пејачка Лепа Брена со сопругот Слободан Живојиновиќ и нивните деца е на патување низ Азија и Австралија, а фановите на социјалните мрежи ги одушеви со објава.

Таа сподели фотографија на која има посебен вид леб кој се продава во странство, а наречен е „Лепа Брена“, и воопшто не скап во однос на другите лебови.

Брена се изненадила од овој гест, па на Инстаграм напиша дека сега може да ја пронајдат и во „јадлива состојба“.

Објавата има многу коментари, а луѓето пишуваат дека во Детроти може да се најде овој леб во сите продавници, како и на други места во светот.

Во осумдесеттите години на минатиот век, кога Лепа Брена беше ѕвезда во Југославија, се сеќаваме дека и кај нас имаше леб што се викаше Лепа Брена, односно „ногата на Лепа Брена“.