Раометарите на Русија и на Германија остварија сигурни победи во второто коло од групата А на Светското првенство во Германија и во Данска.

Русија по ремито со Србија ја декласира Кореја со 34:27, додека Германците беа поубедливи против Бразил 34:21.
Најефикасен кај Русите беше Шишкареб со седум голови, еден повеќе од Шкурински, на другата страна Парк и Канг постигнаа по четири.
Во вториот меч Германците до триумф ги водеше Геншајмер со дури 10 погодоци, додека кај Бразилците се истакна Жозе Толедо со пет.
Германија со овој триумф се задржа на првата позиција со четири бода, еден повеќе од Русија, а два повеќе од Франција. Србија е четврта со еден бод, додека Бразил и Кореја се без бодови.