Националниот интерес на Бугарија во Република Македонија е да има стабилен, сигурен и предвидлив сосед.

Тоа ќе биде така кога е сојузник на НАТО и член на Европската унија (ЕУ), изјави бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева за ТВ Нова.
Таа рече дека земјата нема да ги компромитира условите што треба да се почитуваат за да станат дел од целиот процес на преговори со ЕУ.
“Една од главните услови во претпристапниот процес е да имаш добрососедски односи, да не водиш изолациска и националистичка политика, да не крадеш историјата на соседите и да не се негира општото историско минато. Бугарија многу јасно ќе ги постави овие услови”, рече уште Захариева. / BGNES