„Нешнал џиографик“: Дали нерелигиозните стануваат водечка религија во светот?

од Vlatko K
132 прегледи

Во САД нерелигиозните се речиси една четвртина од населението, а во изминатите 10 години, нивниот број надмина број на католици, верници од протестантски цркви и сите останати нехристијански религии, објави Нешнал џиографик.

Франција набрзо ќе стане мнозински секуларно општество, како и Холандија и Нов Зеланд, Обедиентото Кралство и Австралја исто така.

Религијата забрзано станува се помалку важна дури и во држави во кои влијае на избор на лидери и архитектурата. Нерелигиозните сепак, се уште не завладејале со светот, наведува списанието.

Во многу делови од светот особено во подсахарска Африка религијата се шири.

Експерти проценуваат дека поради тоа ќе постои секуларен Запад и остатокт од светот.

Друго исклучително секуларно подрачје е Кина во која комунистичката власт со децении сузбива религија. Од друга страна во многу поранешни комунистички држави религијата е во експанзија.

Меѓу нерелигиозните поделбата и понатаму е длабока – некои се гласни атеисти, други агностици, а многумина немаат потреба да се изјаснат за својата вера.

Пред речиси половина век американски Тајм на насловната страница објави – Дали Бог е мртов? Со тоа беше поставено прашањето дали религијата ќе биде релевантна за модерен живот во постатомското доба во кое се ширеше комунизмот, а науката одговараше на повеќе прашања отколку порано.

Истото прашање важи и денес, но одговорот не е ограничен на „да“ или „не“. Дел од населението родено по насловот во Тајм можеби провокативно би одговорило – Што е тоа Бог?

Во Европа и Северна Америка нерелигиозната популација просечно е неколку години помлада од целото население. Околу 11 отсто Американци родени по 1970 година израснале во секуларни домови.

Слични содржини