Целосно oчекувано е излегувањето на Панос Каменос од Владата и тоа нема да влијае на усвојувањето на Договорот од Преспа во грчкиот Парламент освен мало пролонгирање на неколку денови, коментираат високи владини извори за МИА.

Следува гласање за доверба на Владата и според најавите и политичките анализи од Атина премиерот Алексис Ципрас има мнозинство за тоа. Дебатата за гласање доверба во Парламентот трае 2/3 дена и веднаш по гласањето се очекува на дневен ред да биде ставена ратификацијата на Договорот од Преспа.