Хрватската ракометна репрезентација стигна до втората победа на 26. Светско првенство во ракомет.

По првиот дуел, во кој го совладаа Исланд, „Каубојците“ без проблем стигнаа до победата против Јапонија 35:27.
Мечот беше решен со одлично отворање, Хрватите дојдоа на големи шест разлика на самиот старт. Јапонија заигра во остатокот од полувремети, а Хрватска на полувреме замина со пет голови повеќе.
Во второто полувреме, избраниците на Лино Червар го зајакнаа темпото и заминаа на десет погодоци предност, а враќање од Јапонија немаше.
Одличен во репрезентацијата на Хрватска беше Златко Хорват, постигна осум голови, Лука Степанчиќ додаде пет, а Мандиќ и Штрлек со по четири. Јапонците ги предводеше Токуда со шест голови.
Хрватска запиша две победи на почетокот и се наоѓа на првото место на табелата, а во следното коло ќе игра против Македонија.