(ВИДЕО) Откриен датумот на излегувањето на сезона 8 на Игра на тронови со нов трејлер

од Vladimir Zorba
124 прегледи

Oткако за време на доделувањето на „Златните глобуси“ беше емитуван вториот тизер од новата сезона на Игра на тронови, каде за првпат ги видовме ликовите во акција, доаѓаат нови вести од Ејч Би О.

Имено, со нов трејлер каде овој пат го гледаме семејството Старк обединето, беше објавен датумот на стартот на новата сезона 8. Последната сезона од екстра популарниот серијал ќе започне со емитување на 14 април годинава.

Во тизер трејлерот ги гледаме Џон, Ајра и Санса во гробница, но Брен не е со нив. Во претходниот тизер ја видовме Крализата на змејовите како пристигнува во Винтерфел, со Џон до неа. Тогаш Санса ѝ ја изрекува лојалноста на Винтерфел.