Фотографија од јајце го сруши рекордот во лајкови на Кајли Џенер на Инстаграм

од Vladimir Zorba
119 прегледи

Кајли Џенер повеќе не ја има најлајкуваната фотографија во Инстаграм. Пред неколку дена, нов корисник излезе со името “Светско рекордeрско јајце”, кое за само 10 дена успеа да го избрише нејзиниот рекорд.

Човекот има поставено фотографија од обично јајце со натпис: “Да направиме нов светски рекорд заедно и да ја направиме оваа слика со најмногу допаѓа на Инстаграм”.

Досега, Кајли ја водеше листата на Инстаграм со 18 милиони допаѓања на нејзината фотографија со нејзината ќерка, Сторми. Сепак, пилешкото јајце сега надминува 26 милиони срценца.

Откако сфатила дека некој добил поголемо внимание во Instagram, риалити ѕвездата одлучила да го возврати ударот. Таа објави смешен клип во кој држи живо јајце во раката, но брзо го крши на тротоарот.

“Ти никогаш нема да го победиш јајцето”, пишува следбеник на платформата.