(Видео) Крокодил изеде научник во Индонезија

од desk2
137 прегледи

Научникот Дејзи Туво (44) во Индонезија ја зграби и ја изеде крокодил, пренесуваат медиумите.

Дејзи била одвлечена од крокодилот во оградениот простор за влекачи откако скокнал на ѕид висок 2,4 метри.

Крокодилот ја зграбил жената и ја изел жива. Таа настрада при хранење на крокодилот.

Крокодилот долг 5 метри, истражувачите го држеле во лабораторија “CV Yosiki” на индонезискиот остров Сулавеси.

Престрашениот персонал ја пронашле Дејзи Туво во устата на крокодило и со многу маки успеале да ги зивлечат нејзините останати делови од телото.

https://www.youtube.com/watch?v=7bh-3atwDsw

Полицијата вели дека го бара сопственикот на крокодилот, јапонски претприемач, кој и го основал истражувачкиот проект.