Лазаров: Нема калкулации, ќе влеземе со 100 проценти против Шпанија

од desk2
71 прегледи

Македонија ја очекува дуел со селекцијата на Шпанија, селекција која секогаш ни прави проблеми и е незгоден ривал за нас. Меѓутоа без разлика на тоа како и фактот што наредниот ден не очекува можеби клучниот дуел со Исланд за пресметка во вториот круг, нашита репрезентација нема намера да калкулира и целта е да се дојде до позитивен резултат против „црвената фурија“ која има „три од три“ во нашата група.

-По преспиената ноќ направивме анализа на она што се случуваше против Хрватска. Видовме доста позитивни работи, негативните беа што не успеавме да ги реализираме зицерите кои што ги создадовме со квалитетна игра и напад. Имавме некои недостатоци во одбраната, ќе пробаме да ги корегираме во следните натпревари. Знаете дека ни е потребна една победа, ама нема да ни биде доволна победа над Шпанија. Ако ја совладаме, ќе треба да го добиеме и Исланд за да се најдеме во вториот круг. Мораме да бидеме рационални, ама никогаш против ниту еден ривал не треба да се оди со „бело знаме“. Во спортот се можни. Ние против Шпанија ќе влеземе оптимистички, максимално со 100 проценти. Ќе видиме како ќе тече натпреварот и така и ќе се однесуваме. Имаме едно лошо искуство од 2017 година со истите ривали каде 17 часа го имавме истиот распоред игравме против Шпанија и против Исланд и дојдовме до посакуваното. Одигравме одлично против Шпанија со максимално залагање, потоа ремизиравме со Исланд и се пласиравме во следната рунда, меѓутоа ги загубивме Филип Миркуловски и Дејан Манасков за главното против Норвешка. Не беше исто без нив, се држевме против Норвежаните само 30 минути. Треба да бидеме рационални и интелигентни за да успееме во она што го посакуваме. Јас искрено цврсто верувам дека имаме шанси да успееме во она што го посакуваме. Владеее добра, позитивна атмосфера, момците се во ред, се чувствува малку заморот, но тоа го чувствуваат и другите селекции. Ова е СП и играат само најдобрите. Ние ќе го дадеме максимумот и ќе пробаме да дојдеме до втората фаза, -истакна Кирил Лазаров кој не заборави да го потенцира и значањето на Раул Гонзалес за оваа репрезентација.

-За тактиката е задолжен селекторот. Можам само да кажам дека имаме привилегија како една мала земја да имаме тренер кој е во Топ 3 на светот. Тоа е успех за Македонија, за македонста федерација и е добро за сите млади ракометари. Му веруваме на Раул, ги слушаме неговите совети, чест е да се работи со него, -потенцираше капитенот./Derbi