Колку далеку е подготвена да оди модната дизајнерка за да го спречи стареењето?

Викторија Бекам (44) потрошила 1350 евра на нов хидратантен крем за лице направен од нејзината сопствена крв.
Модната дизајнерка се пофалила на Инстаграм дека сега користи крем против брки направен специјално за неа.
https://www.instagram.com/p/BsGFR6IgMOL/?utm_source=ig_embed
Идејата за нов крем за лице ја добила минатата недела кога ја носела ќерка ѝ Харпер (7) на третман на лице во германска клиника кај популарната докторка Барбара Сурм.

Оваа позната докторка е позната по нејзиниот третман за лице познато како „вампирско лице“, за којшто се вбризгува крв на „проблематичните“ места на лицето и така ѝ помага на кожата побрзо да заздрави. Овој третман за лице е еден од најпопуларните во Холивуд во борбата против стареењето.
„Откако спиев со маската (која се впива и не изгледа чудно, а не е ни леплива) мојата кожа се чувствува неверојатно! Хидрирано и чисто! И многу меко!“, напишала Викторија на нејзиното Инстаграм-стори.
Викторија Бекам е позната по тоа што не штеди кога се работи за борбата против брчките. Во јануари минатата година изјавила дека издвојува и до 800 евра за производи што ги користи за секојдневна нега на лицето, за нега на телото користи производи во вредност од 500 евра, а за нега на косата издвојува и до 140 евра.
Ова не ги чуди нејзините обожаватели, бидејќи знаат дека Викторија е подготвена и да не се смее повеќе за да го спречи создавањето на брчки на лицето.