Зошто е важно да читате на глас

од desk2
82 прегледи

Додека му читате на мало дете, тоа ги имитира звуците, ги препознава сликите и учи зборови. А најважна причина за читање е тоа што со читањето се воспоставува врска меѓу работите кои бебето најмногу ги сака – тродителскиот глас и сликите во книгата.

Кога родителите читаат, пејат или му зборуваат на детето, тоа слуша многу различни емоции и звуци.

Читањето го поттикнува бебето да гледа, да покажува, да допира и да одговара на прашања. Тоа го подобрува неговиот развојо и способноста за размислување.

Затоа, читајте му на глас на детето барем 15 минути дневно. Така го поттикнувате да размислува и да воспоставува блиски односи со другите.