Ако немате доволно време, а итно ви треба испеглана облека, потребно е да ставите две три коцки мраз во сушарницата и сите набори ќе исчезнат.

Оваа метода ја користат голем број луѓе кои се презадоволни од резултатите.
Магијата се случува кога мразот почнува да се топи и ствара пареа, односно го прави она што инаку би го правела пеглата.
Оние кои ја користат оваа метода, советуваат да не ставате многу алишта во сушарницата. Постојат и други начини да го избегнете пеглањето, а еден од нив е да ги закачите алиштата на закачалка штом ги извадите од машината за перење.