Ноќеска по 1 часот, главниот град стана првиот град во светот со најзагаден воздух. Индексот на загадување во Скопје покажа 430, а веднаш зад македонската метропола на оваа листа се најдоа градови од Индија, Пакистан и Бангладеш. На петтото место се најде Приштина, од соседно Косово.
Специјализираната интернет страница за следење на воздухот „Ер вижуал“ рангирањето го врши според збирните податоци од мерните станици. Активните мерни станици во Скопје измерија ПМ 10 честички над 700 микрограми на метар кубен.

Фото: РадиоМоф
Така во Ѓорче Петров синоќа во 23 часот концентрацијата на загадување во воздухот беше 12 пати над дозволената, имено. 641 mg/m3. Во Црниче 454 микрограм на метар кубен, во Центар 412, а во Карпош 700. Мерните станици во скопско Лисиче и Гази баба, кои во изминатите години најчесто покажуваа највисоки нивоа на загаденост, сè уште не работат.
По надминување на Прагот на информирање, Град Скопје објави неколку препораки до граѓаните: да се избегнува користењето на возила или да се споделува превозот, да се избегнува седење на отворено, да не се горат штетни материјали, како и да се чистат оџаците.
Од Министерството за животна средина и просторно планирање нема реакција досега.