Рио де Жанеиро ја доби титулата „светска престолнина на архитектурата“

од Vladimir Zorba
165 прегледи

Бразилскиот град Рио де Жанеиро јадоби титулата “Светска престолнина на архитектурата”, соопштува весникот Globe. Одлуката за тоа е донесена од страна на УНЕСКО и Меѓународниот сојуз на архитектите.

Титулата “Светска престолнина на архитектурата” се доделува за прв пат и ќе биде доделувана на градовите кои ќе бидат домаќин на конгресот на Меѓународната унија на архитекти.

Настанот се одржува на секои три години, а Рио де Жанеиро ќе биде домаќин во 2020 година.