Прв „покер“ за фудбалер на Аталанта по речиси седум децении

од desk2
137 прегледи

Екипата на Аталанта го победи Фросиноне со 5:0 попладнево во гостинскиот натпревар од 20. коло на Серија А. Четири голови во составот на гостите постигна Дуван Запата.

Ова е само трет случај на „покер“ на играч на тимот од Бергамо.

Претходно, само Пул Расмусен и Хасе Јепсон успеале по четири пати на еден меч да се запишат во листата на стрелците, двајцата во 1952 година.

Колумбиецот Запата постигнува гол на осум натпревари по ред. На овие средби тој 14 пати ја затресе противничката мрежа. Во исто време на претходните 15 натпревари тој постигна само еден гол.