Македонскиот селектор, Раул Гонзалез ќе размисли добро дали ќе остане на клупата или пак ќе си замине.

Тешко е да се зборува, веднаш по завршување на последниот меч на Светското првенство. Селекторот, Раул Гонзалез е среќен што Македонија по четирите порази во низа конечно победи и тоа на последниот меч на Мундијалот, но неговата цел не беше Президен Купот.
Шпанскиот стратег Македонија ја гледаше во главната рунда, но минуи не делеа од неа.
Неизбежно беше прашањето дали ќе го видиме против Исланд, во квалификациите за пласман на ЕП, дуел кој се игра во април.
„Не знам дали ќе ја водам Македонија, нека помине време, да направиме анализа, па ќе видиме. Свесен дум дека овие денови имаше критики, тоа е нормално“, рече Раул./Sportmedia