Колку тежи МПЦ – што истражува УЈП?

од desk2
121 прегледи

МПЦ под истрага на УЈП. Владиката Тимотеј вели дека не знаел. Од УЈП, пак, за РСЕ велат дека ја утврдуваат фактичката состојба на МПЦ. Документите до кои дојдовме покажуваат дека МПЦ е богата институција со имот од кој може да остварува приходи, но во изминатава декада Црквата на државата ѝ прикажала само една сметка, анализира Радио Слободна Европа.

Кога купувате во продавница, 18 проценти од парите што сте ги потрошиле за храна одат во државната каса. Ако седнете со пријателите на кафе или пиво во бар, една голтка од пијалакот го добива државата. Работодавачот за тоа што ве ангажира плаќа персонален данок, а од секоја остварена добивка за државната каса мора да одвоите 10 проценти.

Но, ако сте православен верник и од црквата побарате, на пример, поп да ви го крсти детето или да отпее молитва за душата на покојниот член од вашето семејство, парите за таа услуга не подлежат на данок и завршуваат само во црковната каса.

За крштевка во Скопје ви се потребни најмалку 4000 денари, за свадба црквата наплаќа околу 6000 денари, а за погреб верниците треба да издвојат по 3000 денари. Тоа значи дека годишно црквата од овие услуги инкасира стотици илјади евра.

Според законот за верските заедници, нивните приходи може да доаѓаат од верската дејност или од имотот со кој располагаат, како и од нивните финансиски трансакции кои подлежат според регулативата на трошењето на финансиски средства за непрофитни организации и организации од јавен интерес.

И до тука сè е според законот./RSE

Целиот текст прочитајте го на Радио Слободна Европа