СДА соопшти дека преку претставници во институциите на БиХ ќе покрене правна процедура пред Уставниот суд на БиХ заради преиспитување на називот на Република Српска.
„Долгогодишната пракса на институциите на власта на ентитетот РС покажа дека досегашниот назив на ентитетот РС инетензивно и ефикасно е користен всо цел дискриминација и исклучување на другите два конститутивни народи – Бошњаците и Хрватите“, наведува во соопштението СДА.
Таа партија оцени дека „врзувањето на името со што и да е во мултиетничка заедница каква што е БиХ за само еден народ, по принципот на етничка привилегираност. е спротивно на Уставот на БиХ и Европската конвенција за човекови права која е надредена во Уставот на БиХ“.
Според Уставот, додаваат, сите три конститутивни народи се рамноправни на целата територија на земјата, вклучително и двата ентитети и Дистриктот Брчко.
„Тоа е потврдено и со одлука од Уставниот суд за конститутивност на народите, со која на ентитетите им е наложено во своите уставноправни системи да обезбедат целосна рамноправност на сите конститутивни народи“, се наведува во соопштението.
СДА наведе дека РС постои според Уставот на БиХ како мултиетнички ентитет, во кој сите народи мора да имаат исти права, „што значи дека не може само еден народ да биде застапен во називот, а другите исклучени“.
Zbog toga će ta stranka pokrenuti proceduru za “usklađivanje naziva RS sa Ustavom BiH, a na osnovu važeće odluke Ustavnog suda BiH o konstitutivnosti naroda”.