Атина гори поради Македонија: Солзавец, шок бомби и масовни апсења

од desk2
304 прегледи

Грчката полиција приведе најмалку 133 демонстранти поради синоќешните немири во близина на парламентот во Атина, во текот на масовни демонстрации против Договорот во Преспа, пренесуваат грчките медиуми.

Полицијата со солзавец и шок бомби се обиде да ги растера насобраните пред собранието, каде пратениците веќе три дена дискутираат за Договорот. Илјадниците луѓе ги нарекоа пратениците „предавници“. Организаторите на протестот објавија дека ќе продолжат со протести и ги повикаа граѓаните да излезат.

На протестите гореа знамињата на САД и на НАТО.

„Се наоѓаме пред историски настан“, изјави Алексис Ципрас и ги повика пратениците да го поддржат Договорот.

Од 300 пратеници премиерот има поддршка од 151 пратеник.

https://www.youtube.com/watch?v=Ry1m1X96ZNw