Филипче – лекарката што замина на Хвар греши

од desk2
99 прегледи

Македонија промовира партнерство на јавното здравство со приватното, а Хрватска на локалната самоуправа со јавното здравство. Ова мотивираше наша лекарка да замине на работа во амбуланта во Суќурај. Таа е една од многуте кои заминуваат. Министерот Филипче вели дека начинот на избор не и е добар.

Неодамнешното заминување на лекарка од Македонија на работа во гратчето Суќурај, на островот Хвар во Хрватска, за кој многу се пишуваше во медиумите овие денови, министерот за здравство Венко Филипче не го оправдува. Медиумите пишуваа дека на повикот за општ лекар кој бил отворен половина година, единствено се јавила триесет и шестгодишната лекарка од Македонија. На огласот освен плата и стан, општината понудила и годишен бонус од 6.800 евра. Дел од медиумите објавија дека таа во Македонија работела 11 месеци како доктор во село Бојане и имала плата од 330 евра. По вработувањето таа изјави дека таму и понудиле повисока плата, а и оти амбулантата е подобро опремена.

Коментирајќи го овој случај министерот вели дека мисли оти изборот не е добар.

„Мислам дека начинот не е добар, и веднаш ќе ви објаснам зошто сметам дека не е добар. Станува збор за многу мало место. Ја прочитав објавената сторија, меѓутоа станува збор за некое место кое има многу мал број на жители. Практично капацитетот на таа докторка нема да биде искористен, затоа што нема фреквенција на давање на медицинска услуга“, вели министерот Филипче, пишува радио Слободна Европа.

 

Целиот текст може да го прочитате тука