Лејди Гага ги изненади фановите во Лас Вегас – настапи со Бредли Купер

од desk2
168 прегледи

Лејди Гага имаше специјално изненадување за фановите кои го гледаа вчерашниот настап од нејзиното редовно шоу Enigma во Лас Вегас.

На сцената се појави нејзиниот партнер од филмот „A Star is Born“ Бредли Купер и заедно ја испеаја хит песната од популарниот филм – „Shallow“.

„Здраво Вегас“, рече Купер на огромно задоволство на присутните кои уживаа во изведбата во која Гага седеше и свиреше на клавир.

Лејди Гага е номинирана за Оскар за најдобра женска улога за филмот во режија на Купер.

Нивниот дует „Shalow“ е номиниран за Оскар за најдобра оригинална песна за филм.