Со жрепката, која вчера се одржа во Музејот на уметностите во Тел Авив, беше одлучено дека оваа година македонскиот претставник Тамара Тодевска ќе настапи во второто полуфинале на Изборот за песна на Евровизија 2019.

Првото полуфинале на програмата е на 14 мај кога ќе настапат Србија, Словенија, Естонија, Белорусија, Украина, Чешка, Сан Марино, Црна Гора, Исланд, Грузија, Австралија, Белгија, Кипар, Финска, Украина, Полска, Унгарија и Грција.
Во второто полуфинале ќе настапат Албанија, Шведска, Азербејџан, Ирска, Швајцарија, Австрија, Молдавија, Македонија, Норвешка, Русија, Латвија, Холандија, Романија, Хрватска, Данска, Ерменија, Литванија и Малта.
Македонската радио телевизија донесе одлука Тамара Тодевска да ја претставува Македонија на Евросонг 2019, што ќе се одржи во мај во Тел Авив, Израел.
Од МРТ посочуваат дека се во тек консултации со група автори околу песната-национален претставник на годинашниот Евросонг.