Семејството на Мајкл Џексон ги оцени како “јавен линч” реакциите кои следуваа после прикажувањето на документарниот филм “Leaving Neverland”, бидејќи во јавноста повторно се појавија обвиненија за сексуално злоставување од страна на музичарот.

Семејството на Џексон на почетокот на јануари изјави дека филмот на Ден Рид е скандалозен и бизарен, кој е именуван според ранчот на Мајкл во Калифорнија, “Neverland”.
Остварувањето беше прикажано во петокот на фестивалот “Sundance” во Парк Сити Јута.
Филмот ја претставува приказната за две млади момчиња кои кога имале седум и десет години биле сексуално злоставувани од славниот пејач Мајкл Џексон.
На Интернет се појавија проекции од филмот, па протекоа и коментари во кои луѓето наведуваат дека повеќе не веруваат во невиноста на “кралот на поп музиката”.
“Не можеме да молчиме пред овој јавен линч, каде лешинарите на Твитер и другите социјални мрежи го критикуваат Мајкл, а не го познаваа”, наведе семејството на музичарот кој во 2009 почина од прекумерна доза на лекови.
Документарниот филм кој трае четири часа ќе биде емитуван напролет на телевизијата HBO. Во филмот Вејд Робсон и Џејмс Сејфшак наведуваат детали за тоа како ги злоставувал Мајкл.
Џексон сепак и во минатото во повеќе наврати бил обвинет за сексуално злоставување на деца.
Пред судењето во 2005 година, едно дете од 13 години поднесе тужба против него во 1993 година. Случајот тогаш беше завршен со договор кој го чинеше околу 15 милиони долари.
Режисерот Ден Рид е познат и по документарниот филм кој го сними после нападот на францускиот сатиричен магазин Шарли Ебдо.
https://www.youtube.com/watch?v=o6kHPJhA1kk
Фестивалот “Sundance”, чиј основач е Роберт Редфорд, оваа година трае до 3 февруари. Предвидено е прикажување на повеќе од 100 долгометражни и документарни филмови.