Има многу причини поради кои за негата на кожата, предност треба да им се даде на маслата, а не на лосионите за тело…

Маслата, за разлика од лосионите, не содржат вода, не им се потребни емулзии и конзерванси и често се збогатуваат со миризливи есенцијални масла наместо синтетички мириси. Ако ве уверивме, самите направете го своето масло за нега според д-р. Sarah Villafranco, американски експерт за природнa убавинa, со кој во текот на зимата вашата кожа ќе биде свиленкасто мека и хидратирана.
Потребни состојки:
8 лажици органско сончогледово масло
4 лажици органско масло од јојоба
2 лажици бадемово масло
1 лажичка природен витамин Е
5-10 капки етерично масло од лаванда (по желба)
Добро измешајте ги сите состојки и нанесете на мокра кожа!