Познатиот турски телевизиски водител Фатих Портакал објави дека се повлекува. Пред еден месец водителот беше критикуван од претседателот Реџеп Тајип Ердоган.
– Изгледа е дојдено време да ја напуштам мојата работа. Човек треба да знае кога да се тргне, напиша водителот на Фокс ТВ на Твитер.
На 10 декември Портакал упати критики за притисокот врз опозицијата откако изјави дека не се осмелуваат многумина дури и мирно да протестираат против зголемувањето на цената на природниот гас.
– Колку луѓе ќе се осмелат да излезат на улица и покрај стравот?, запраша Портакал преку телевизијата.
Една недела подоцна Ердоган реагираше гневно против Портакал.
– Знај каде ти е местото.Во спротивен случај таа нација ќе те удри со дрво по вратот, рече Ердоган.