Синот на седумкратниот шампион во Формула 1, Михаел Шумахер – Мик, го посети музејот во Италија, посветен на тркачката кариера на неговиот легендарен татко.
19-годишниот Мик, кој во новата сезона ќе се натпреварува во Формула 2, објави фотографии од неговата посета на местото, што секако е многу посебно за него.
Ферари ја отвори специјалната изложба во неговата зграда во Маранело на 3 јануари во чест на 50-
тиот роденден на Шуми.
„Михаел има посебно место во историјата на Ферари, а музејот е украсен со слики од незаборавните години што седумкратниот светски шампион им ги даде на сите во Ферари“, споделија од тимот.
Како што е познато, Михаел го продолжува долгото и болно закрепнување по ешкиот пад за време на скијање, што го претрпе во 2013 година.
Оттогаш, никој надвор од најблискиот круг луѓе не го видел спортистот кој се лекува во неговиот дом во Швајцарија.
Мик Шумахер го следи патот на својот татко, откако го освои шампионатот во Формула 3 минатата
година и неодамна стана дел од академијата на Ферари.