Едно од златните правила на модните експерти и дизајнери е тоа дека одредени парчиња облека да се имаат во поголем број од вообичаениот што го носите. Но, зошто е тоа така? Иако сите ние ја сакаме и ја цениме елеганцијата, постојат неколку парчиња облека што треба да ја имаат удобноста како предност при нивното одбирање. Токму затоа и тие треба да се одберат во поголем број, а на наша среќа, на тој начин тие и изгледаат многу подобро! Погледнете за кои облеки станува збор…

1. Волнени џемпери
https://www.instagram.com/p/Bo6o9u6C6re/?utm_source=ig_embed
Без оглед на тоа дали бирате плетен фустан или џемпер од волна, секогаш одберете барем еден број поголем од вашиот и брзо ќе ви стане јасно зошто – на овој начин тие изгледаат шик и модерно, а истовремено се и поудобни и потопли за носење.
2. Кошули
https://www.instagram.com/p/BozE4upgr-A/?utm_source=ig_embed
Правилото што секогаш треба да го запомните при купувањето кошули е да земете еден број поголема, а не еден број помала кошула за вас. Белите проѕирни кошули изгледаат многу поелегантно кога не се припиени за телото.
3. Маички со кратки ракави
https://www.instagram.com/p/Bp7W3lhBB1V/?utm_source=ig_embed
Не е лоша идеја да имате и тесни маички со кратки ракави, но ако сакате да оставите впечаток и да ги свртите сите погледи кон вас, тогаш носете ги оние што се еден, па дури и два броја поголеми од вашиот број. Дури и ако одберете маичка од вашето момче, нема да згрешите со изборот!