Бројот на Швеѓанки кои слушаат аудио-книги двојно се зголеми за само две години. Имено, експлозивниот раст во голема мера е поттикнат од желбата на шведските жени по сензуална книжевност и романтика.

Повеќе од третина шведска популација (37 отсто) слушале аудио-книги минатата гоидина, што е значителен раст во однос на 2016 година, кога бројот бил 20 отсто, извести шведксата национална телевизија SVT.
„Меѓу слушателската публика расте побарувачката на жантови како романтика таканаречени „лимонади“ и еротика На тој начин гледаме зголемена побарувачка од слушателите, како и пораст на бројот на издавачи кои ги објавуваат овие видови книги“, вели за SVT Ана Риклунд, менаџер на содржина во производството на аудио книгите “Букбит” (Bookbeat).
Се поголемата побарувачка за еротски книги натера некои издавачи да се посветат само на овој жанр.
Според директроката на Форлаг, компанија која се сврте само кон еротика овој жанр е совршен за аудио издаваштво.
„Анонимно е. Не морате да седите со корицата и да покажете што читате. Вака, никој не знае што слушате“, вели таа и додава дека најпопуларни се најексплицитните книги.
Сервисот за стримување аудио книги „Сторител“ (Storytel) забележа пораст на продажбата на овие книги кај жените особено за Денот на вљубените и во летните месеци.