Казни и за медицинските лица кои ставале вакцини со згрешени декларации?

од desk2
108 прегледи

Министерството за внатрешни работи побара од Министерството за здравство документација за истрагата што ја отвори Обвинителството околу вакцините на кои имаше декларации со истечен рок. Сè уште нема информации за кои документи биле заинтересирани инспекторите на МВР и дали имало пропусти во текот на постапката за снабдување на вакцините против мали сипаници, морбили, јави Alsat M.

Од Обвинителството велат дека до нив не пристигнал извештај за истрагата на МВР. Во меѓувреме, во зависност од извештајот на обвинителството, се очекува да се изречат казни за лекарите на здравствените установи кои на децата им ставале од овие вакцини.

Во меѓувреме, сè уште не се знае ниту кога ќе бидат уништени спорните вакцини. Иако Агенцијата за лекови најави дека тоа се планира за четврток во скопската депонија Дрисла, од Обвинителството пред неколку дена соопштија дека вакцините ќе останат во просториите на Македонија Лек до завршување на истрагата.

Од друга страна, бројот на заразени од мали сипаници расте секој ден. Во последните 24 часа на Инфективната клиника во Скопје биле примени 14 нови пациенти, а еден е хоспитализиран. Станува збор за 39-годишна жена од Гостивар. Во моментов, 22 пациенти се хоспитализирани, но нивната состојба е стабилна./Алсат М