Во Охрид, на манифестацијата „Прличеви беседи 2019“, на Славчо Ковилоски, му беше врачена Повелбата за најдобра поема, од конкурсот „Григор Прличев“ за 2018-та година

Во Охрид, на манифестацијата „Прличеви беседи- 2019“, на македонскиот поет, прозаист и книжевен историчар, Славчо Ковилоски, му беше врачена Повелбата за најдобра поема,односно книжната награда „Григор Прличев“ за првонаградена поема за 2018-та година.
На лауреатот, Ковлоски, наградата, добиена за поемата „Крале Марко по вторпат“, му ја врачи претседателката на Жири-комисијата, д-р Наташа Аврамовска, од Институтот за македонски јазик во Скопје.
– Поемата на Ковилоски е загатната, мегу другото, и во фасцинацијата од многузначноста на преданието за јунакот Крали Марко, којашто самата по себе е книжевен предизвик за распоредување на нови нишки при неговото препрочитување,но, во исто време, реактуализацијата на ликот на Крале Марко е недвосмислено индексирана како показател на општественото доба на криза, иликриза на општествениот, а оттаму и на јуначкиот идентитет – напомена, мегу другото, д-р Аврамовска.

Следеше артистичка изведба на наградената поема за 2018 година – „Крале Марко по втор пат“ од актерите Ивица Цонев и Павел Маслов.
Во рамките на манифестацијата „Прличеви беседи- 2019“, напладне беше отвгорена лиовна изложба со дела на уметници од Република Македонија.
Денеска , Беседите продолжуваат со полагање свежо цвеќе пред споменикот на Григор Прличев во дворот на ОУ „Григор Прличев“.
Потоа ќе се одржи панихида и полагање цвеќе на гробот на Григор Прличев.
Во Спомен куќата на Григор Прличев во 12:00 часот ќе се одржи манифестацијата „Стихови и звуци за Прличев“, во рамките на која беседа за Прличев ќе има Академик Витомир Митевски.
Во 12:45 часот пред Бистата на поетот пред охридската библиотека ќе се положи ловоров венец и свежо цвеќе, а обраќање ќе има секретарот на Друштвото на писатели на Република Македонија, Мишел Павлоски.
Во 13:oo часот ќе се одржи портрет на писателот и поет Видое Видически, како и видео-проекција „Од животот на Прличев“.
Во рамките на прославата ќе се одржи и традиционалната манифестација „Охридска визита“.
Манифестацијата „Прличеви беседи“ е востановена пред речиси шест децении, како одбележување на годишнината од смртта на големиот поет кој почина на 4-ти февруари пред 124 години. Прличев пред век и половина беше овенчан со Ловоров венец во Атина за неговата поема „Сердарот“. (Крај) В.М.