Видео ги покажува првите кралски клоци на бебето на војводите на Сасекс. На клипот се гледа како бремената Меган Маркел се смешка и затвора очи, чувствавјќи движења во стомакот за време на официјален ангажман во англискиот град Бристол.
34-годишниот принц Хари и неговата 37-годишна жена го очекуваат своето прво дете во април, а таа е веќе во третиот триместар од својата бременост.
Кралските фанови се убедени дека бебето мрда во утробата за време на овој општествен ангажман во театарот “Бристол Олд Вик”, кој се одржа во петок. Луѓето се фасцинирани и од нежната, деликатна и мила насмевка на војвотката во овој момент.
Меган изгледаше елегантна во црн фустан на дизајнерот Оскар Де Ла Рента кој беше украсен со стилски принт од животни.