Брашното главно се користи за готвење и печење, но домаќинките знаат дека може да впие многу маснотија, па го користат и за многу работи низ дома.

Брашното чисти
Брашното е корисно да го имате при рака, ако не заради кујната, тогаш заради чистењето. Иако звучи иронично, со брашно може да го исчистите нередот во кујната. Доколку некоја површина е леплива и мрсна, брашното набрзо ќе ја исчисти, секако додека маснотијата не се исушила.
Коса
Може да го користите за суво миење на косата. Тоа ја собира маснотијата од неа, па така може да ставите брашно на темето, да го разнесете со четка за шминкање, а по половина час, само истресете го и исчешлајте се.
Акни
Од акните може да се спасите со брашно и мед. Измешајте ги и ставете на бубулицата, па прекријте со ханзаплас. Тоа направете го пред спиење, за да делува преку ноќ. Утрото измијте го со млака вода местото.
Мравки
Многу домаќинства имаат прблем со мравките, па ставаат сол по ќошињата, но брашното е подобар лек. Ставете брашно место сол и ќе видите дека мравките поретко доаѓаат.
Забавни игри
Секако, брашното може да се користи за забавни игри на децата. Направете им малку тесто, па може ќе си играат со часови.
Лепило
Во комбинација со вода станува и лепило. Промешајте вода и брашно, а сметата да биде како за плачинки. Загревајте на средна температура со константно мешање. Откако ќе се олади, ставете во херметички затворена тегла, а користете четка за нанесување.
Финта со карти
Стар шпил карти може да освежите такашто ќе го ставите во кесичка брашно, кое ќе ги впие сите маснотии и влага.