Одржан Вториот Телеком Мастер во Јуниорска конкуренција

од Марта Пешевска
147 прегледи

 

Вториот Телеком Мастерс турнир кој е од серијата рангирни турнири во Јуниорска категорија U 18, се одрѓа во спортската сала на Основното училиште Јоаким Крчовски во Крива Паланка.
   На турнирот учествуваа околу 50 играчи во двете категори.
   Турнирот се состоеше од квалификациски дел, каде што играчите се распоредени во групи, и систем на директни елиминации, каде што се квалификуваат двајцата првопласирани од секоја група. Во машка конкуренција во првиот дел од турнирот натпреварувачите беа распоредени во осум групи, додека во женска конкуренција имаше шест групи.
Во групната фаза на турнирот фаворитите ги освоија првите места во групите. Исто така и во нокаут системот најдобрите стигнаа до самиот крај, каде што играчите кои ја имаа фаворитската улого ги освоија првите места.
 Пласман
    Јуниори
  1. Дамјан Стојчев
  2. Даниел Атанасов
  3. Војдан Тодоров, Теодор Волкановскикп2.jpg
     Јуниорки
  1. Ива Димитриевска
  2. Бојана Михајловска
  3. Ана Стојановска, Мила Штрковакп3.jpg
Победниците на вториот Телеком Мастерс турнир исто така се и првопласирани на ранг листата во јуниорска конкуренција после два одиграни турнири од серијалот турнири кој го сочинуваат четири натпреварувања: Двата Мастерси, Државното првенство и ТОП 8 турнирот.
Пинг понгарскиот календар продолжува на 17 февруари во Свети Николе со Вториот Телеком Мастерс во сениорска конкуренција.

кп1.jpg