Со сигурност знаете дека црното чоколадо е од т.н. „суперхрани“. Истражување покажа дека тоа
може да ја подобри состојбата на срцевиот систем и крвниот притисок, бидејќи поседува антиинфламаторни состојки и антиоксиданси.

Исто така го подобрува расположението и го намалува ризикот од хронична болест.
Повеќето експерти ги објаснуваат здравствените придобивки од консумацијата на црна чоколада
со содржината на полифеноли – специфични флавоноиди кои имаат антиоксидантно и антиинфламаторно дејство.
Црното чоколадо содржи магнезиум
Знаете ли дека над 68% од луѓето не земаат доволно количество магнезиум секој ден? Црното
чоколадо е прекрасен извор на овој минерал.
Црното чоколадо е добро за срцето
Благодарение на анти-инфламаторното дејство и регулирањето на крвниот притисок, чоколадото е
корисно за луѓето кои спортуваат, но не само за нив.

Едно истражување покажува дека консумацијата на малку црна чоколада двапати неделно ги
подобрува функциите на крвните садови, го намалува крвниот притисок и го регулира нивото на
холестерол.