Собранието на Република Македонија со донeсување на Законот за Попис 2020 ќе го донесе конечното решение за тоа кои прашања ќе бидат вклучени во пописот што треба да се реализира во 2020 година. Со тоа од Државниот завод за статистика ги отфрлаат сите тврдења дека следниот попис на населението ќе биде без прашањето за етничка припадност.
Во соопштението се нагласува дека во процесот на подготовка на претстојниот Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија 2020, Државниот завод за статистика минатата година започна широка јавна дебата во однос на предложените решенија за прашањата што ќе бидат вклучени во Пописот, но и за организациско-техничките аспекти на претстојниот Попис.
-Во овие дебати Заводот, како професионална и стручна институција од областа на статистиката и единствено надлежна за спроведување на Попис на населението, ги даде своите предлози меѓу кои и предлогот пописниот образец да не го содржи прашањето за етничка припадност. Овој предлог е вклучен и во Предлог-законот за Попис кој беше ставен на јавна расправа, а и доставен до сите релевантни институции за забелешки и сугестии, наведуваат од Државниот завод за статистика