Ноќеска  во Македонија времето повторно е е врнежливо и студено. На некои места врне дожд и снег, а врнежите според УХМР ќе се прошират насекаде низ земјава и ќе бидат пообилни во западните и северните делови каде на планините и на повисоките места ќе преминуваат во снег.

Во моментов додека во врнежливото Скопје имаме дожд, снег има на Стража, Попова Шапка и Маврово.

Времето во текот на утрешниот ден  ќе биде променливо облачно и постудено со повремен локален снег, особено на запад и претежно претпладне. Ќе дува засилен северен ветер најизразен долж Повардарието.