70
Советот на Општина Гостивар денеска напладне ќе одржи вонредна седница по повод трагичниот настан кој се случи како последица на сообраќајна незгода, при што загинаа 14 лица, а 37 се повредени.
Како што соопштија од Општина Гостивар, се очекува советниците да донесат одлука за прогласување на тридневна жалост во знак на почит кон загинатите.
Општина Гостивар, на семејствата на загинатите им изразува сочувство, а на преживеаните што поскоро целосно оздравување.