Голем стап – така претседателот Рузвелт ја нарече империјалистичка политика на САД кон Латинска Америка, што беше во зародиш. Тој ја употреби оваа фраза од африканската поговорка: „Зборувајте тивко и држете голем стап, тогаш вашиот пат ќе биде долг“.
Искуството на Вашингтон стекнато од целиот свет во текот на изминатите неколку децении ги покажа сите грешки на овој совет.
Во исто време кога експертите за Венецуела ни раскажуваат за внатрешни причини за кризата што ја преживува оваа земја, интересот што за случувањата што го покажуваат други држави, укажува дека постојат и други причини. Тоа што Трамп и неговите сојузници се загрижени за состојбата со фундаменталните слободи во Венецуела, а во исто време паралелно одржуваат одлични односи со Саудиска Арабија, покажува колку тие всушност „се грижат“ за „демократските вредности“.
САД и Европа ги сметаат за непријатели оние земји што не ги прифаќаат нивните колонијални аспирации. Ако вистината секогаш станува првата жртва во сите војни, тогаш таква жртва во случајов е Венецуела.
„Причините“ на САД
1. Природни ресурси. Венецуела ги поседува најголемите потврдени резерви на злато во светот, а исто така има и наоѓалишта на дијаманти, железо, алуминиумска руда, боксит, колумбит, танталит, ураниум руда и гас. Рерзервите на питка вода се значителни, иако главното богатство на земјата е нафтата.
На Венецуела отпаѓаат 24 отсто од резервите на нафта на членките на ОПЕК, односно 301 милијарда барели. Ова количество ја надминува дури и Саудиска Арабија.
Генералот на Луфтвафе Адолф Галанд сметал дека главната причина за поразот на Германија во Втората светска војна бил недостигот на гориво за Военото воздухопловство. Главната цел на Сталинградската битка била одбрана на азербејџанската нафта (сега Азербејџан е партнер на Израел и НАТО). Антихитлеровата коалиција победи и поради фактот што нејзините земји поседуваа нафта. САД сега очајно се борат за овој јаглеводород, откако дневното производство на нафта од изворите во Тексас, Оклахома и Дакота падна до 115.000 барели.
Во 1960 година, Венецуела веќе се обидуваше да ја спаси својата индустрија од грабежот на „семејството на англо-американските сестри“ кои го контролираа нафтениот пазар и стана една од основачите на ОПЕК. Сега таа добива милион и 245.000 барели дневно (во 2000 – 3.4 милиони), од кои 600.000 се извезуваат во САД.
2. Присуството на Кина и Русија. Поранешниот државен секретар Рекс Тилерсон во февруари 2018 година тврдеше дека ќе поддржи воен удар во Венецуела и изразув аше загриженост во однос на „извонредните економски врски на регионот со Кина”. Кина е најголемиот кредитор на Венецуела, по што следат САД и Велика Британија. Кинеските банки одвоија повеќе пари за латиноамериканската држава, отколку Светската банка. Пекинг, на пример, планира да инвестира 40 милијарди долари во изградба на железничка линија која ќе ги соедини Атлантскиот и Тихиот Океан (против овој проект е Болсонаро). Кина, исто така, потпиша околу 700 договори за соработка во висина од 70 милијарди долари, вклучително за нафта, рударството, високи технологии. Кинеската нафтена компанија Синопек (Sinopec) има намера да вложи 14 милијарди долари во развојот на најголемото нафтено наоѓалиште во базенот на реката Ориноко заедно со „Роснефт”, „Ени” (Италија) и „Репсол” (Шпанија). Русија потпиша со Венецуела договори за воено-техничка, културна и економска соработка. Вложувајќи во оваа земја 17 милијарди долари, почнувајќи во 1999 година, Москва се договори со Каракас за обезбедување на кредит во износ од шест милијарди долари. Истовремено, Кремљ отпиша две милијарди долари од венецуелските обврски во замена за зајакнување на присуството на „Роснехт” на пазарот на оваа јужноамериканска земја, иако заедничките вежби на руските бомбардери „Бел лебед” и авиони на венецуелските ВВС над Карипско Море во декември 2018 г . не одговараа на интересите на работниците во Венецуела.
Државен удар против претседателот на Бразил Дилма Русев, затвор за Лула да Силва и доаѓањето на власт на десниот радикал Болсонаро, кој не го крие својот непријателски однос кон левите сили, несомнено се поврзани со тоа што Бразил влегува во групата на земји со динамичен развој, обединети под кратенката БРИКС.
Како Пекинг, така и Москва сфатија дека земјата запаѓа во политичка криза, кога потпишаа долгорочни договори за стратешко партнерство со Венецуела. „Роснефт”, на кого отпаѓаат осум проценти од производството на нафта во таа земја, во 2017 година со Венецуела потпиша договор за екстракција на гас во Тринидадското поле за период од 30 години.
3. Неуспеси на Блискиот Исток и враќање во Америка. Независно од деструктивни војни предизвикани од САД и нивните сојузници, кои доведоа до смрт на околу 100 милиони лица на Блискиот Исток (уште еден регион богат со нафта), Вашингтон не успеа да воспостави контрола во Ирак, Авганистан, Јемен, Либија , Судан и Сирија, со оглед на импресивно присуство на други светски и регионални играчи таму. Обновата на контролата над Латинска Америка е главната цел на доктрината Монро: Америка за САД. Поради неа се водела борба со левите и прогресивни сили, дошле на власт во Еквадор, Венецуела, Аргентина, Боливија, Никарагва, Бразил и Мексико. Се спроведуваа тајни операции, економски санкции и закани за употреба на воена сила. Дури и изборот на папа од Латинска Америка (земајќи го предвид фактот дека во Латинска Америка се неоѓаат 40 отсто од католиците во светот) треба да се гледа низ призмата на американското користење на религијата во Блискиот Исток и во Источна Европа: За време на Студената војна тие за папа го избраа полскиот кардинал и жесток антикомунист Карол Војтила, за да ги поддржат Лех Валенса и неговиот синдикат „Солидарност”.
4. Спроведување на проектот за економска интеграција МЕРКОСУР .
5. Разурнување на нафтените Кариби. Венецуелскиот проект, започнат во 2005 година, обезбеди секојдневно доставување на 100.000 барели нафта во земјите од регионот по преференцијални цени. Специфичноста на нафтената политика на Трамп е во тоа дека покрај желбата да се искористат природните ресурси на другите земји, таа исто така има за цел да доминира на енергетскиот пазар.
6. Ослабување на Договорот за трговија меѓу народите АЛБА, претставувајќи го алтернативниот договор АЛКА, форисиран од САД.
7. Недозволиви понатамошни удари врз петродоларот. Венецуела веќе ја продава својата нафта за јуани, рубљи, евра и индиски рупии. Дедоларизацијата на светската трговија ќе ја ослабне американската финансиска хегемонија.
8. Трамп има потреба од „негова” војна. Сите американски претседатели треба да предизвикаат барем една војна. Трамп веќе сфати дека инвазијата на Венецуела носи помал ризик од напад врз Северна Кореја, Иран или Сирија. Сега Трамп, по првпат не е сам: тој е поддржан од Демократската партија, Европа и значаен дел од режимите на Јужна Америка. Трамп не успеа да влезе во историјата со изградба на ѕид на границата со Мексико. Можете ли да го добие местото преку Венецуела?
9. Притисок на произраелското лоби во Латинска Америка со цел истиснување на Иран. ЦИА предупреди за „упад на Иран во Латинска Америка”. Чудната поврзаност меѓу теократскиот Иран и република Венецуела се базира на прагматизам, барем од страна на Техеран. Кога Обама го склучи нуклеарниот договор со Иран, оваа врска се намали во корист на Европа, Кина и Русија (а Каракас ги зајакна односите со Турција и Ердоган). Кога во 2018 година на Иран повторно му беа наметнати санкции, одредени кругови во Исламската република повторно го насочија погледот кон Венецуела и дури се изјаснија за испраќање воени бродови кон брегот на „братската земја” (навистина тоа малку м у помогна на народот на Венецуела). ЦИА и одредени здруженија на Венецуела го обвинуваат Николас Мадуро за испораката на ураниум на Иран, отстапување на територијата на земјата за распоредување на членови на „терористичката организација” Хезболах “и корпусот Ал Кудс, кои подготвуваат востанички групи на континентот. На таков начин претседателот на Венецуела може да биде обвинет и за врски со „меѓународниот тероризам” и по таа линија да биде испратен во затвор во Гвантанамо, за што сонува Болтон.
Публико – Мадрид