Група жени кои пливаат во студени води изјавија дека тоа им помага да ги ублажат ефектите на напади од жештина во текот на менопаузата, а некои велат дека капењето на 6 степени Целзиусови им помага и во подобрувањето на менталното здравје.

„Не ни забележав дека влегувам во менопауза кога тоа почна да се случува пред неколку години. Читав дека некои жени во менопауза се анксиозни или паѓаат во депресија. Не сакав тоа да ми се случи, па решив да преземам нешт, да бидам активна“, вели една од пливачките Алисон Овен.
Алисон минатото лето ја напуштила работата и се грижела за својата ќерка која има церебрална парализа. Но, набрзо потоа почнала да оди на пливање во ледена вода.
Набрзо откако почнала да се капи кај полуостровот во Говер, Алисон ја контактирале други жени и сакале да и се придружат.
Fantastic read – "Women cold water swimming in Gower to help menopause" https://t.co/D97jBb0h4f #winterswimming pic.twitter.com/SeUUVwOQbZ
— Wild Swimming Brothers 🏊 (@WildSwimBrother) February 8, 2019
„Почетокот беше возбудлив. Го буди детето во вас, пред да почнете да работите, пред да добиете деца, пред да земете кредит“, вели Алисон.
Објаснува дека потребни се 91 секунда за телото да се навикне на температурата на водата.
Жените кои пливаат со неа одушевено ја прифатиле оваа идеја и формирале импровизирана група “The Gower Bluetits”.
Сега веќе дваесетина жени припаѓаат на групата.
„Минувам низ менопауза. Се чувствувам многу полесно откако почнав да пливам. Не се потам како претходно, а нивото на мојата анксиозност не е толку големо“, вели пливачката Патриција Вудхаус.
Според професорот Мајк Типтон постојат многу бенефити од капењето во ладна вода. Тоа ослободува од стрес и се чувствувате послободно.