Избеганиот Груевски сега за српска ТВ се спореди со Гоце Делчев !?

од Vlatko K
99 прегледи

 Уште едно интервју на избеганиот азилант осуденик и поранешен премиер Никола Груевски, овојпат преку српските медиуми под контрола на Алексан,дар Вучиќ 

Сега  Груевски нагази со обвинувања против Македонија,  и легалните институции и Власта, ама преку Србија . Тој    правдајќи се зошто избегал, отиде и чекор понапред поистоветувајќи се со  Гоце Делчев.

Релативирајќи го неговото владеење и казна , тој прави алузија дека е како Делчев војвода .

-Гоце Делчев, кога би се појавил сега, брзо би станал цел на прогонот и би морал да ја напушти земјата. Но, ако Делчев се појави со своите следбеници, четници-односно комити, тогаш актуелниот премиер Зоран Заев треба да ја напушти Македонија, порачува Груевски.

Провладиниот Тв ПИНК коментира  дека Делчев бил  револуционер и лидер на тајната Македонско-одринска револуционерната организација, подоцна преименувана во Револуционерна организација (ВМРО), и заклучува  дека во  Македонија се смета за еден од најголемите етнички македонски револуционери, а во Бугарија го сметаат за Бугарин, наведува ТВ Пинк.

Новина во неговите делчевски размислувања е дека прислушувањето  и бомбите всушност биле нарачка на Верушевски , а не негови,  а тие кои биле извршители „снимачи“ одедндаш станале  експресно   “свиркачи” кои објавиле дека се се снимало по налог на Груевски  и со тоа ја „донеле демократијата во Македонија“ – порача од Србија Груевски.

Во ова интервју телевизијата наведува дека Груевски првин заминал во Унгарија како слободен човек ,  а дури потоа ретроактивно му било режирано обвинение за да се убделе граѓаните дека е бегалец, што е класична лажна вест.