


Тие мерки, наведува весникот, би можеле да опфатат одбивање гостопримство на косовските лидери, санкции кон опремата на косовската војска, укинување субвенции наменети за изградба на приштинските институции.
Соговорникот на „Блиц“ од косовскиот Парламент, добро запознат со приликите во Приштина, наведува дека Америка не би сакала нивните идни акции да паднат на товар на граѓаните. Затоа, нивното дејствување би можело да биде насочено кон косовската војска, блокада на зделките поврзани со вооружување, затворањето на славината кога станува збор за парите кои тие ги вложуваат во изградба на институциите во Приштина, но и одбивање на гостопримството на косовските лидери.
-САД отворено инсистираат на тоа дијалогот (со Белград) да се одблокира, но не сакаат санкциите да бидат насочени против народот. Засега е извесно дека би можеле да повлечат потези кон Косовските безбедносни сили во врска со опремата, која е договорена да биде испорачана, а станува збор за оклопни возила, но и преку контакти со највисоките претставници на КБС. Тоа најмногу ги боли. Втората линија на притисок се парите што Приштина ги добива од САД за градење на демократски институции, наведува изворот за „Блиц “.
Тој додава дека еден од овие чекори – одбивање на гостопримство – веќе е применет. Тоа се случи пред десет дена кога косовскиот премиер Рамуш Харадинај не доби виза за САД да присуствува на молитвениот појадок во Белата куќа.
Весникот потсетува дека Белата куќа веќе испрати писмо до косовските лидери, во кое тие не го кријат своето незадоволство и неверување од потезите на Приштина и навестуваат конкретни мерки, а една од нив е откажување на посетата на командантот на Националната гарда на Ајова.
Текстовите, фотографиите, видеоматеријалите и другите содржини што ги објавува „lokalno.mk" се авторски.
Во ниту еден случај не е дозволено нивно бесплатно преземање без дозвола од редакцијата на Lokalno.
Доколку се добие дозвола, текстовите, фотографиите, видеоматеријалите и другите содржини дозволено е да се преземат со задолжително наведување на изворот и авторот со вметнување на директна интернет-врска (линк) до оригиналната содржина на „lokalno.mk".
При добивање на одобрување од редакцијата за превземање на текст, може да се превземе само дел од новинарско дело насловот, придружната фотографија (односно насловната фотографија) и воведниот дел на текстот, познат како „лид"
Преземање содржини од „lokalno.mk" надвор од овие услови не е дозволено и подложи на санкционирање согласно Законот за авторски и сродни права.