Маршевите и митинзите против антисемитизмот се организирани во Францијапо серија антисемитски акти што ја потресoa земјата, соопшти АП.

 

Поранешните претседатели на Франција Франсоа Оланд и Никола Саркози ќе се приклучат на илјадници демонстранти и членови на Владата на демонстрации подоцна денес.

Франција е дом на најголемата еврејска заедница во светот надвор од Израел и САД.

Владата излезе со извештај во кој се нагласува голем раст на инцидентите со антисемитизам во текот на изминатата година. Вкупно се регистрирани 541 инциденти, што е 74% скок од 311 во 2017 година

Премиерот Едуар Филип ќе води група владини службеници на главната демонстрација на плоштадот “Република” во Париз . Претседателот Емануел Макрон ќе го посети денеска парискиот Спомен на холокаустот по серијата антисемитски настани во Франција.

Макрон не се очекува да присуствува на плоштадот Република, но ќе одржи говор на годишната вечера организирана од групата еврејски КРИФ во среда .