Оваа година на парадата на карневалот кој се одржува во главниот град на француската ривиера – Ница, десетици филмски и светски политичари ги израдуваа насобраните посетители.
Карневалот во Ница е еден од најстарите во светот и еден од најголемите заедно со оние во Рио де Жанеиро и Венеција.
Бидејќи фестивалот во Ница е посветен на киното, неизбежно беше да се види кукла на рускиот претседател Владимир Путин кој го носи на раце актерот Жерар Депардје, кој во 2013 година доби руско државјанство и изјави подготвеност да умре за Русија.
Секако дека бидејќи како “домаќин” на парадата присуствуваше и францускиот претседател Емануел Макрон – и во друштво на својата сопруга Брижит, го гледаме како играчка во рацете на “пријателот” Доналд Трамп, чија физиономија на маската е како огромен зол кловн.
135-тиот карневал во Ница ќе продолжи до 2-ри март.
На посветениот на киното карневал не можеше да не присуствува и озлогласената фигура на Харви Вајнстејн обвинет од десетици актерки за сексуално малтретирање и силување.
По улиците на Ница со својата накривена капа се „прошета“ и Чарли Чаплин.