Здружението на новинарите на Македонија во денешното соопштение го осудува однесувањето на министерот за економија, Крешник Бектеши кон новинарката Милка Смилевска, посочувајчи дека министрите треба да научат да комуницираат со новинарите.

Имено, на новинарското прашање на Смилевска за тоа како неговата сестра се вработила токму во период кога тој станал министер, Бектеши одговори со прашање: зошто новинарите работат во медиумите во кои работат, а зошто не во некои други?