Интензивирање на економската соработка тема на средбата на Заев со Јанис Брахос од грчкото МНР

од Vladimir Zorba
113 прегледи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска оствари средба со генералниот секретар за меѓународни и економски односи во грчкото Министерство за надворешни работи, Јанис Брахос кој беше придружуван од амбасадорот Димитрис Јанакакис и делегација од канцеларијата за економски прашања при Генералниот секретаријат во Владата на Грција.

На средбата, како што соопшти владината прес служба, се зборуваше за придобивките од постигнувањето и практичната имплементација на Преспанскиот договор и за интензивирање на економската соработка и релации помеѓу двете пријателски земји, што ќе резултира со зголемување на трговската размена и економски придобивки што ќе бидат видливи и почувствувани од граѓаните во двете земји.

-Нам ни претставува огромно задоволство што денеска не посетивте. Ваквите средби во иднина ќе бидат сé почести и редовна пракса, бидејќи со Грција започнавме да градиме искрено пријателство кое ќе го негуваме преку зголемена соработка, пред сé на економски план, а потоа и во области како што се културата, образованието и здравството. Сакаме да им покажеме на граѓаните од соседна Грција, дека сме посветени на целосна имплементација и почитување на Договорот од Преспа, дека ќе работиме на унапредување на економската соработка, а бенефитите ќе бидат видливи за граѓаните од двете земји, порача премиерот Заев.

На средбата е  посочено дека сега е вистински момент да се постигнат конкретни резултати на економски план преку стратешко партнерство помеѓу двете земји како што е предвидено во Преспанскиот договор, а посебно преку интензивирање на соработката на проекти што значат енергетско и инфраструктурно поврзување