Наталитетот зголемен за пет, морталитетот за 9,1 отсто, природниот прираст 192

од Vladimir Zorba
98 прегледи

Бројот на живородените деца во четвртото тримесечје од 2018 година, во споредба со истиот период од претходната година, е зголемен за 5.0 отсто и изнесува 5 597 живородени деца, соопшти Државниот завод за статистика.

Зголемување за 9,1 отсто бележи и бројот на умрените лица и изнесува 5 405, а од нив 48 се умрени доенчиња.

Природниот прираст изнесува 192, што значи дека за толку лица е поголем бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.

Во последниот квартал лани биле склучени 3 261 брак, што е за 6.4 проценти повеќе од исиот период во 2017.

Во октомври, ноември и декември минатата година се разведени 442 брака