Асемантички записи“ – изложба на Ивона Тричковска во МКЦ

од Марта Пешевска
80 прегледи

Во галеријата на Младинскиот културен центар вечер од 19 часот ќе биде отворена изложба „Асемантички записи“ на Ивона Тричковска, виш конзерватор-реставратор на иконописни дела.

Изложбата е премиерно поставена во Виена минатата година и е продолжение на проектот „Јазикот на ѕидот“ во Стариот амам во Тетово од 2017 година.

-Составена е од насликани неврамени платна со нагласена ѕидна монументалност во кои доминира специфичен текстуален графицизам, а конципирани како елементи кои го совладуваат галерискиот простор на специфичниот ентериер на традиционална османлиска градба како контрапункт на нејзините препознатливи стилски архитектонски содржини, соопшти МКЦ за изложбата на Тричковска.

Авторката е вработена во Националниот конзерваторски центар. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности на одделот за сликарство и учествувала на  изложби, ликовни колонии, семинари и презентации.