Ослободителна пресуда побара адвокатот Миле Петровски, бранител на обвинетиот Сашо Мијалков, во денешниот завршен збор на судењето за изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година „Титаник 2“. Тој тврди дека за неговиот клиент не постои доказ дека презел какво било дејство или сторил кривично дело за кое е обвинет.

– Не може странка во постапката, а тоа во случајов е СЈО, да каже како гласале или дали некоја одлука е исправна или не. Арбитер меѓу странките во конкретниов случај за ДИК е надлежен судот, рече адвокатот Пажиќ.
Тој посочи на одредба од ЗКП која бара сторител да злоупотреби службена положба, за која во обвинението во овој случај, како што рече, не е наведено која законска одредба Стефановска ја повредила. Според него, и доказите покажале дека обвинетата постапила според надлежностите кои ги имала како член на ДИК.
Пажиќ побара ослободителна пресуда за Стефановска.
Обвинетата Стефановска во завршните зборови рече дека таа како член на ДИК од 2012 до 2016 учествувала на повеќе избори и досега немала никаква грешка и сите функции ги извршувала чесно и професионално. Таа се праша зошто е во судот и рече дека не се чуствува виновна.
Стефановска се расплака и рече дека обвинението влијаело на нејзиното здравје.